(Аудио) Нова “бомба”: Мијалков во 2018 два пати донирал по 5.000 евра во ВМРО ДПМНЕ
Утрово на Јутјуб каналот “Рекет” е објавена нова аудио снимка во која се слуша разговор на Зоран Кичеец и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Во објвениот разговор Христијан Мицкоски вели дека Сашо Мијалков два пати дал “донација” на ВМРО-ДПМНЕ од по 5 илјади евра за покривање трошоци за автобуси.
“Сашо даде два пати по 5 илјади евра за автобусите за 2 јуни” вели Мицковски во разговорот.
Не е јасно од објавениот рразговор на кој начин Мијалков ги донирал овие пари за партиските активности на ВМРО ДПМНЕ.