(АУДИО) Нови „бомби“ за ВМРО-ДПМНЕ: Јанушев разговара со „шефот Јанакиески“ за списоци со гласачи

На канал на Јутјуб со име „Обнова на РЕЖИМОТ“ се појавија две нови „бомби“ во кои разговараат поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој е носител на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица. Станува збор за телефонски разговори за кои се добива впечаток дека се водени во време на претходното раководство на партијата и наликува дека се настанати во предизборен период.

Во првата аудиоснимка тие разговараат за одреден список означен како МИОА, што е кратенка за Министерството за информатичко општество и администрација. Во разговорот тие споменуваат лице, Даниела од општински комитет, за кое во понатамошниот разговор Јанушев вели дека „ќе ѝ даде бокс во фаца“.

Разговорот во снимката од 52 секунди е следен:

Јанушев: Еј шефе.

Јанакиески: МИОА, наводно, списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со тоа.

Јанушев: Сигурно? Кој го вика тоа?

Јанакиески: Оваа Даниела, кука сега. Ме нервира, негативна, у пи*** мајчину.

Јанушев: Која е таа Даниелче?

Јанакиески: Даниела, оваа што е од општинскиот комитет.

Јанушев: Шефе, 20 луѓе има што се бележано како МИОА. Значи, тие што се бележани 20, ако дале 100, значи 80 се поклопувале. Овие што се… никој не гарантирал за нив. Првиот не е бележан, само стои дека работи таму, никој не го обележал, не знам дали од партија…

Јанакиески: (не се разбира)… не работеле, ајде.

Јанушев: Од таа ми е преку к** више, 50 мејлови прати. Ако ја видам наредниот пат, утревечер, ќе ѝ дадам еден бокс у фаца.

Јанакиески: Ај чао.

Во вториот разговор, исто така, се разговара за списоци и Јанушев се жали дека тие што му ги пратиле се катастрофа, па не може да направи пресек како што бара Јанакиески.

„Можам бројка само да ти кажам по избирачко место колку се мапирани“, вели Јанушев во дел од разговорот, а Јанакиески понатаму кажува дека УМС утре ќе му даде петстотини.

Разговорот во оваа снимка е следен:

Јанушев: Кажи?

Јанакиески: Да не си во општински комитет?

Јанушев: Не шефе, на работа сме, куцаме табели.

Јанакиески: Колку има досега?

Јанушев: Последново што… околу осум и пол, осум осум.

Јанакиески: Чекај, беа вчера девет.

Јанушев: Е како бе девет? Шест беа вчера?

Јанакиески: До која бројка ќе дојдете?

Јанушев: Па, со оглед колку нема внесено, мислам дека докај… околу девет, девет и пол најоптимистички, али мислам девет е пореално.

Јанакиески: Колку членови даде пута три?

Јанушев: Не можам тоа никако да ти го кажам. Некој ми праќаше еден документ, некој праќаше 50 за 50 во еден документ. А само денеска примивме едно двеста документи.

Јанакиески: Тие не се вработени?

Јанушев: Сè и сешто се става во едно. Дојди да ги видиш списоците во несвест ќе паднеш, катастрофа се. И нема таков пресек, не е можно да ти направам таков пресек, да знам кој дал, кој не дал. Можам бројката само да ти кажам по избирачко место колку се мапирани.

Јанакиески: УМС ќе ти даде петсто утре.

Јанушев: Ама УМС ако ми даде утре петстотини ќе отидам на Јоцо да му лупнам една, петок е утре. Кога ќе ги завршиме тие 500?

Ова се последните од досега неколкуте аудиоснимките што се појавија во пресрет на изборите. Претпоследните „бомби“ се појавија пред два дена и тие се од разговор помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец.

Back to top button
Close