(АУДИО) Објавени нови „бомби“: Заев преку посредник преговарал со Мијалков?!

На Јутјуб денеска повторнос е појавија нови аудиоснимки на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Гласот на соговорникот е мутиран, но веројатно повторно се работи за Александар Верушевски бидејќи се слуша дека разговорот е во угостителски објект.

Првиот разговор според насловот на видеото алудира на договор на Заев со Сашо Мијаков. Во разговорот се споменува името Сашо, но не се споменува презиме.

Ова е транскриптот од тој разговор:

Дисторзиран глас: Значи Сашо е спремен за договор. Сашо.

Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

Дисторзиран глас: Еве, јас ако ти ветам дека ќе…м?

Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

Дисторзиран глас: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до Општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во Општина Струмица.

Дисторзиран глас: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Заев: …на контрола

Дисторзиран глас: На контрола. На контрола врз Општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.

Заев: Сѐ е регуларно, сѐ е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлечат сѐ…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено, океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат сѐ со решение.

Дистрозиран глас: Добро.

Во вториот разговор, се зборува за Шилегов.

Транскриптот од втората аудиоснимка:

Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.

Дисторзиран глас: Шилегов?

Заев: Маваше.

Дисторзиран глас: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.

Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.

Back to top button
Close