АУДИО: Се појави нова „бомба“, наводно Заев зборува за случаи со СЈО: „18 предмети тераат до крај, паѓаат Талир 2, Поштенска банка, на Ахмети со пописот“

На каналот „Јутјуб“ излезе нова бомба во која наводно се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој на непознат соговорник му раскажува за предмети со СЈО. Најпво се слуша за законот за Јавно обвинителство.

„Сега во законот ставивме дека материјалите важат до 30 јуни 2017 година. Финито, готово. Тоа и за ДУИ е важно и тоа е едно од решенијата кои ги имаме. Со самиот закон се затвараат се што е после 30-ти, и остануваат живи 18 предмети“, се слуша наводно гласот на Заев и продолжува:

„Се ближи гласањето во Парламентот. Дојдоа Оливер, Радмила, корегираа, и вика: „А бе човек, што правиме?“. Затоа што се знае што се прави позадински…“, се слуша гласот на Заев и потоа продолжува: „Врзани ми се пратениците“.

Продолжува да се зборува за предмети во СЈО…

„Втора работа, објаснувајќи на сите дека треба да се случат овие работи, комбинациите кои се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила со сите што се чинители, знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки. Филмовите се правени дека луѓето не треба да одат во притвор, си имаат дела нека си одат понатаму. И кога слушнаа за Врховен суд, знаеја, не се паднати од Марс. Им кажав дека 18-те предмети мора да се тераат до крај. Паѓаат Талир 2, Поштенска банка, на Али Ахмети со пописот, но тој е ризикот“, се слуша гласот кој наводно е на Заев во најновата „бомба“.

Back to top button
Close