Аун го повика Трамп да изврши притисок врз Израел да ги повлече силите од јужен Либан

Либанскиот претседател Џозеф Аун му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека се надева дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел да ги повлече своите вооружени сили од окупираните области во јужен Либан, соопшти кабинетот на либанскиот претседател.
Во телефонски разговор, претседателот Аун го повика Трамп да помогне во спречувањето на можни прекршувања на рамковниот договор меѓу Либан и Израел, како и да го гарантира спроведувањето на договорените обврски, што вклучува повлекување на израелските сили од областите во Либан.
Аун, исто така, му рече на Трамп дека Либан ќе ги преземе своите одговорности во спроведувањето на рамковниот договор.
Израел и либанската влада завчера се согласија израелската армија да се повлече од две области во јужен Либан со посредство на САД. Се очекува либанските вооружени сили да ја преземат контролата врз нив, а според рамковниот договор, Израел и Либан, исто така, се обврзаа да го прекинат нивниот децениски конфликт.






