АУТОПСИЈА: Ведат Адеми не починал од алергија!
„32-годишниот Ведат Адеми починал од некроза на срцевиот мускул“, стои во Извештајот на Институтот за судска медицина во Скопје.
Емисијата Inside21 на ТВ21 ексклузивно го обезбеди извештајот од обдукцијата, во кој не се пронајдени докази дека починатиот Адеми починал поради алергија на аналгин, како што тврделе членовите на семејството. Според нив, на 17 март во болницата во Куманово, неговата состојба нагло се влошила веднаш по примањето на инфузијата во која била додадена и ампула аналгин, како терапија против болки.
Извори за Inside21 на ТВ21 информираат дека ќе биде побарано повторно добивање на прецизни резултати за присуството на аналгин во телото на починатиот и неговото влијание на денот на смртта.
Таткото на починатиот за ТВ21 изјави дека ниту докторот Зоран Ѓеорѓиевски, ниту медицинската сестра не ја отвориле здравствената книшка за да проверат дали пациентот има алергија на некој лек, иако во книшката на Ведат стоело „CAVE ANALGIN“.
Веднаш по настанот, директорот на болницата во Куманово беше разрешен од функцијата, а Основното обвинителство Куманово отвори истрага по сомнежи за лекарска грешка, како што наведува и извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.