АВАЈА организира марш: Време е Ромите да ја почувствуваат ПРАВДАТА!

Мировен “Марш за Правда” на 20 ноември 2021 година (сабота) со почеток од 13 часот пред Кривичниот суд со марширање до Основното Јавно обвинителство ќе одржи граѓанското движење АВАЈА.

Од движењето велат дека маршот е наменет за правда која треба да ги  обедини сите.

 

-Време е Ромите да ја почувствуваат ПРАВДАТА! Маршот за Правда се одржува по донесување на пресудата од Кривичниот Суд Скопје во случајот “Полициска бруталност – Битола” според која полицискиот службеник е прогласен за виновен и му е одредена казна затвор од една година за извршување на кривичното дело од член 143 – Малтретирање во вршење на служба. Наведуваме дека казната затвор е минимална казна и би била поголема доколку се земеше во предвид етничката припадност на жртвата.Оваа пресуда е донесена по поднесена пријава од МВР до јавното обвинителство и се однесува на еден полициски службеник и една жртва. Правдата се уште ја чекаат и другите жртви во случајот. Во овој случај, визибилно и од самото видео кое кружеше на социјалните мрежи е дека се работи за вкупно 5 жртви и 3 полициски службеници, велат од движењето.

Оттаму додаваат дека полициската бруталност не е нова ситуација за ромската заедница, туку ново е снимањето и јавното објавување на вакво  насилство.

-Да не дозволиме одредувањето на ослободителна пресуда да стане пракса! Ги повикуваме сите да ја дадат својата поддршка за крај на полициската бруталност кон ромската заедница.На мировниот марш ќе побараме Апелациониот суд да ја потврди пресудата а Основното Јавното обвинителство да ја процесира кривичната пријава во која како жртви се јавуваат сите 5 лица.Рутата на мировниот марш: Кривичен суд Скопје (бул. Гоце Делчев) кон ул. Филип Втори Македонски (преку мостот Слобода и мостот на Уметноста) до Јавното Обвинителство на кејот на реката Вардар, велат од граѓанското движење.

Back to top button
Close