Јавен обвинител собрал докази за вештачење од местото на вооружената престрелка на Бит Пазар

 

Вчера едно лице беше повредено во вооружена престрелка близу полициската станица Бит Пазар, во населбата Дуќанџик

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, изврши увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска оттаму.

„Од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

 

Вчера попладне, МВР потврди дека едно лице е повредено во вооружена престрелка во близина на полициската станица Бит Пазар, во населбата Дуќанџик.

 

„Околу 14 часот денеска во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира вчера МВР

Back to top button
Close