Јавен повик за користење средства за проекти во рамки на Декадата и Стратегијата за Ромите

 Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за поднесување на барања од страна на локалните самоуправи за користење средства од Буџетот на Министерството за 2022 година за поддршка на проекти во рамки на Декадата и Стратегијата за Ромите. Крајниот рок за аплицирање е 17 март 2022 година.

-За реализација на проекти од оваа програма, во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година се предвидени 20 милиони денари. Општините имаат можност да аплицираат за финансирање на проекти во делот на водоводи, канализации, тротоари, потпорни ѕидови и улици со максимален износ до 4 милиони денари по проект, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Распределбата на средствата ќе се врши според број на жители припадници на Ромската етничка заедница во единиците на локална самоуправа, вид на проект, процент на обезбедени сопствени финансиски средства за реализација на проектот во однос на вкупната инвестициона вредност на проектот, како и опфатеност/покриеност на ромско население во целното подрачје со резултатите на предлог-проектот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close