Авганистански МНР: Талибанците мора да ги исполнат своите обврски

– Талибанците мора да сфатат дека повлекувањето на странските трупи од Авганистан во голема мера зависи од тоа како земјата ги почитува своите обврски согласно мировниот договор со САД, изјави денеска авганистанскиот министер за надворешни работи Мохамад Ханиф Атмар.

Според него, САД ќе разгледаат како талибанците ги исполнуваат своите обврски од договорот, а доколку талибанците не ги исполниле своите обврски, нема да можат да ги критикуваат Американците дека не ги исполнуваат нивните.

Претходната администрација на САД и талибанското движење потпишаа мировен договор на 29 февруари 2020 година во главниот град на Катар, Доха.

Според условите од договорот, Вашингтон и неговите сојузници се посветени на повлекување на своите сили од Авганистан во следните 14 месеци. Талибанците, пак, ветија дека нема да користат авганистанска територија за организирање акции што ја загрозуваат безбедноста на САД и нивните сојузници.

Back to top button
Close