Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали

Авион на француските ВВС денеска принудно слета на автопатот 113 во Салон де Прованс, по што се запали, а двете лица во него се полесно повредени.
Инцидентот се случил околу 9:45 часот наутро, кога авионот, кој се користи за обука на пилоти на воздухопловните и вселенските сили, од воената база 701 во Салон де Прованс, морал принудно да слета на патот, пренесува Фигаро.
Во авионот имало инструктор и пилот на обука, кои се здобиле со полесни повреди.






