Авион од Базел кружи и не може да слета на скопскиот аеродром поради невреме

Патнички авион на лет од Базел кон Скопје кружи , откако поради невреме и грмежливи облаци не може да слета на скопскиот аеродром.

Според последните информации од метеоролошката станица на аеродромот во Скопје, забележано е нестабилно време со грмежи, засилен северен ветер и локален дожд.

Во извештајот од 15:20 часот стои дека ветерот дува со брзина од 11 јазли од север (340°), а во некои моменти достигнува и 15 јазли со променлива насока, додека видливоста е добра, но се јавуваат појава на грмежливи облаци на 3.000 стапки и расеани облаци на 6.500 стапки.

Поради овие услови, авионот кој доаѓа од Базел привремено кружи и чека подобрување на временските услови за безбедно слетување.

Back to top button
Close