Авион од Дубровник кој летал за Лион принудно слета во Торино

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Волотеа“, кој утрово полетал од Дубровник до Лион, бил принуден да слета итно на аеродромот „Сандро Пертини“ во близина на Торино поради технички дефект.

За време на летот, избувнал пожар во еден од моторите, по што пилотот ги активирал протоколите за итни случаи и побарал принудно слетување, кое било одобрено, пишуваат италијанските медиуми.

Авионот слета безбедно во 10:28 часот наутро, а ниту еден од патниците или членовите на екипажот не е повреден. Поради инцидентот, активностите на аеродромот беа привремено прекинати околу еден час. По слетувањето, патниците беа превезени со автобус до нивната крајна дестинација, Лион.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close