Авион удрил во зграда – осум лица загинаа во близина на Милано

Мал авион удри денеска во празна, двокатна деловна зграда во Сан Донато Миланезе, предградие на Милано, а италијанските медиуми наведуваат дека загинале осум лица, колку што имало во авионот.

Според нив во авионот биле пилотот, копилотот, петмина возрасни патници и едно дете.

Телевизијата Скај ТГ24 објави дека авионот летал од аеродромот Линате во Милано кон италијанскиот остров Сардинија.

Пожарникарите го изгаснале пожарот во зградата, која била во фаза на реновирање.

Пламен и чад се забележани на местото на настанот, а неколку паркирани возила се запалија, велат сведоците, но нема информации за други жртви.

Back to top button
Close