Авион влезе во забранета зона во близина на клубот на Трамп, го пресретна Ф-16

Американски воен борбен авион Ф-16 пресретна цивилен авион кој ја прекрши привремената забрана за летање над голф-клубот на американскиот претседател Доналд Трамп во Бедминстер, Њу Џерси, објави вчера американската војска.

Инцидентот се случил околу 14:39 часот по локално време и бил потврден од Северноамериканската команда за воздушна одбрана (NORAD), која е одговорна за заштита на воздушниот простор на САД и Канада. Портпарол на командата изјави дека станува збор за борбен авион Ф-16.

NORAD соопшти дека ова е петто неовластено навлегување во привремено ограничен воздушен простор во саботата. Не наведе на која категорија припаѓал цивилниот авион што бил пресретнат, ниту пак наведе кои биле неговите патници.

Воздушниот простор над локациите на Трамп често е привремено затворен од безбедносни причини, особено кога претседателот е таму

 

Back to top button
Close