Авиони на грчкото воено воздухопловство исфрлиле 8,5 тони основни прехранбени производи во Газа

Два авиони на грчкото воено воздухопловство утрово исфрлија 8,5 тони основни прехранбени производи во региони на Газа, информираше на Фејсбук, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Акцијата била организирана во соработка со земји од Европската Унија и Блискиот Исток, со цел да се поддржат основните потреби на луѓето во Газа.

-Грција ќе продолжи да презема иницијативи за итен прекин на непријателствата, ослободување на заложниците и непречен проток на хуманитарна помош кон Газа. Должност на сите нас е веднаш да запре човечкото страдање, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Фото: Кирјакос Мицотакис – Фејсбук

Back to top button
Close