Авионите со жртвите од несреќата ќе пристигнат во 9 часот, граѓаните ќе може да оддадат последна почит на плоштадот Скендербег

Авионите со жртвите од несреќата ќе пристигнат во 9 часот, граѓаните ќе може да оддадат последна почит кон починатите на плоштадот Скендербег

Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала “Струма” малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в “Пирогов”. Пресфото – БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

Посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува  денес, во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти Министетството за надворешни работи.

По пристигнувањето, како што наведува МНР,  поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да поожат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видеоѕид, од каде што граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов вчера изјави дека останките на 45-те македонски граѓани денес наутро од Бугарија во земјава ќе бидат транспортирани со два воено-транспортни авиона.

Несреќата на автобусот на „Беса транс“-Скопје  се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. Загинаа 45 патници, седум беа повредени

 

 

Back to top button
Close