АВМУ го осудува вчерашниот инцидент во Велес во кој полициски службеник попречил новинарка во работата

АВМУ: Беса врши притисок врз Агенцијата - МИА

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот инцидент во кој полициски службеник од СВР Велес ја оневозможил новинарката на порталот Дума.мк, Стефани Манева да си ја изврши својата работна обврска.

– На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење, а новинарите во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи затоа што секое попречување на нивната работа претставува згрозување на слободата на информирање и е апсолутно неприфатливо, нагласуваат од АВМУ.

Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, Агенцијата, апелира да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија.

Back to top button
Close