АВМУ: Медиумите да го усогласат работењето со деновите на жалост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) им укажува на медиумите дека треба да го усогласат своето работење со деновите на жалост што ги прогласи Владата поради трагедијата во Кочани.

– Медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на деновите на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи по нивното завршување. Воедно, до завршувањето на деновите на жалост треба да се одложи и емитувањето реклами, односно сите форми на комерцијални комуникации, наведуваат од АВМУ.

За време на деновите на жалост радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

Агенцијата ги повикува медиумите да продолжат да известуваат професионално, да внимаваат на достоинството на жртвите, повредените и нивните семејства и при информирањето да користат проверени извори и релевантни соговорници.

Владата денеска на вонредна седница прогласи седумдневна жалост на територијата на целата држава и најави ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката

Back to top button
Close