АВМУ: Несоодветно е однесувањето на обезбедувањето на ГТЦ и обидот да се отстранат новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар и обидот да се отстранат новинарите за време на нивното известување за средбата со сопствениците на дуќаните во ГТЦ, кои бараат истрага за случајот со криптовалутите.

– Истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и тоа е клучно за остварувањето на улогата на медиумите во современите демократии. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста, стои во реакцијата на АВМУ.

 

Back to top button
Close