АВМУ: Повикување на информтаивен разговор за неемитувана вест, негативно ќе се одрази на слободата на медиумите

Во врска со повикувањето на информативен разговор на уредничката на ТВ Телма од страна на МВР за вест што не е емитувана на програмата на телевизијата, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) посочува дека ваквите дејствија можат негативно да се одразат на слободата на медиумите.

– Новинарите и останатите медиумски работници не смеат да бидат неосновано повикувани на службени полициски разговори, имајќи превид дека имаат заплашувачки ефект и во иднина можат да водат кон самоцензура. Ваквите постапки на истражните органи кон медиумските работници претставуваат притисок врз медиумите и нивно слободно работење, се наведува во соопштението од АВМУ.

ТВ Телма соопшти вчера дека уредничка од телевизијата била повикана на информативен разговор за необјавена вест.

Back to top button
Close