Јавна расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Управата за извршување санкции при Министерството за правда и Македонското пенолошко друштво, денеска во МАНУ, организираат јавна расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите.

Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите е објавен на ЕНЕР на 27 јуни 2025 (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=107906).

Како што се наведува во сооптението за настанот, станува збор за особено значаен Закон со оглед на фактот што со Законот за извршување на санкциите се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични делa и прекршоци. Со предложените решенија ќе се обезбедат услови за поголема ефикасност и економичност во работењето, од една страна, а од друга страна се овозможува надминување на сите сериозни предизвици со кои се соочуваат сите засегнати субјекти.

Од јавната расправа ќе произлезат заклучоци во насока на унапредување на текстот на Предлог Законот.

На расправата ќе учествуваат истакнати научници и стручњаци од пракса.

Back to top button
Close