Јавна седница на Агенцијата за пошти

Раководството на Агенцијата за пошти денеска на јавна седница на зум платформата ќе ги претстави спроведените активности во тек на ковид кризата, како и идните планови за работа.

На седницата ќе биде презентиран и статистички извештај за состојбата на поштенскиот пазар во 2019 година.

Најавени се обраќања на Билјана Аврамовска Ѓореска, директорка на АП, како и на претседателот на Комисијата на АП Борче Груевски, додека статистичкиот извештај ќе го претстави, раководителката на Директоратот за анализа на пазарот во Агенцијата Даниела Спасиќ -Томовска.

Back to top button
Close