Јавниот превоз во Скопје за продолжениот празничен викенд по неделен возен ред
ЈСП Скопје соопшти дека по повод државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, ќе работи по неделен возен ред.
Во недела (7.2025 година), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар, додека во понеделник (8.09.2025 година), дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник (8.09.2025 година), нема да биде во функција жичницата.
Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови