Австралија ќе исплати надомест за отсуство од работа поради карантинот

 Австралија ќе воведе надомест за отсуство од работа за време на пандемијата за сите работници кои немаат боледување, но мора да бидат во карантин поради новиот коронавирус, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Компензацијата за двонеделно отсуство од рабта поради неопходната самоизолација ќе изнесува 1.500 австралиски долари.

Новата мерка е најавена во време кога Австралија се соочува со вториот бран на Ковид-19, а во државата Викторија воведени се ригорозни мерки за да се запре ширењето на заразата.

Во Австралија вкупно се регистрирани 18.318 луѓе инфицирани со новиот коронавируис, од кои починале 221, а оздравеле 10.622 лица.

Back to top button
Close