Австралија, Канада и Нов Зеланд: Копнениот напад врз Рафа би бил катастрофа

Лидерите на Канада, Австралија и Нов Зеланд денеска заеднички повикаа на итно хуманитарно примирје во Газа, се вели во соопштението објавено како одговор на извештаите за планирана израелска офанзива на Рафа.

„Многу сме загрижени поради знаците дека Израел планира копнена офанзива во Рафа. Воена операција во Рафа би била катастрофална“, изјавија премиерите на трите земји.

„Итно е потребно хуманитарно примирје, веднаш“, предупредија тие.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Израел ќе започне офанзива против Хамас во Рафа откако цивилите ќе ја напуштат областа. Во близина на тој град на југот на Појасот Газа, на границата со Египет, има повеќе од еден и пол милион Палестинци, избегани од другите делови на енклавата.

Back to top button
Close