Австралија Опен: Колективен карантин поради позитивни случаи на Ковид-19

– Вкупно 24 тенисери и тенисерки, зааедно со нивниот придружен персонал, кои со чартер-лет од Лос Анџелес пристигнаа во Мелбурн за да учествуваат на претстојниот Австралија Опен ќе останат во двонеделен карантин, откако се откриени два случаи на зараза со Ковид-19 меѓу патниците.

Наместо пет часа тренинг на отворено во „балон“, ќе можеме да тренираме само во затворено, објави уругвајскиот тенисер Пабло Куевас, кој беше меѓу патниците во авионот.

Првиот годинашен грен-слем треба да започне на 8 февруари, а околу 1.200 тенисерки, тенисерки, тренери и членови стручните екипи треба да пристигнат во Мелбурн со 15 посебни чартер летови.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close