Австралија Опен: Петчасовен прекин поради високите температура

Топлотниот бран што денеска го погоди Мелбурн ги принуди организаторите на Австралија Опен да воведат прекин од речиси пет часа за да го заштитат здравјето на тенисерите, во согласност со протоколот за високи температури.

Во времето на прекинот во 14:30 часот по локално време, температурата изнесуваше 35°C и се очекуваше да се искачи на 40°C до 17:00 часот, според градската метеоролошка служба. Кога натпреварувањето продолжи на сите терени околу 19:15 часот, температурата падна под 37°C.

Во време на паузата, беа во тек натпреварите меѓу Јаник Синер и Елиот Спицири, Лоренцо Мусети и Томас Мачак и Линда Носкова против Ванг Синју.

Дуелите Синер-Спицири и Мусети-Мачак на терените Род Лејвер и Џон Кејн беа само накратко прекинати додека организаторите не ја активираа кровната конструкција.

Вториот светски тенисер Јаник Синер на крајот се пласираше во осминафиналето, откако го победи Американецот Спицири (АТП – 85) со 4-6, 6-3, 6-4, 6-4 по три часа и 42 минути.

Следен противник на Синер, кој ја брани титулата на Австралија Опен, ќе му биде сонародникот Лучијано Дардери (АТП-25), кој го победи Русинот Карен Качанов со 7-6, 3-6, 6-3, 6-4 во третото коло.

Петтиот светски тенисер Италијанец Лоренцо Мусети, исто така, обезбеди пласман во осминафиналето со победа од 5-7, 6-4, 6-2, 5-7, 6-2 над Чехот Томас Махач по четири часа и 25 минути игра.

Настапот на првиот овосезонски грен слем го продолжува и седмиот светски тенисер, Американецот Бен Шелтон, кој беше поуспешен од Валентин Вашеро од Монако со 6-4, 6-4, 7-6.

На женскиот турнир, Американките Медисон Кис и Џесика Пегула се пласираа во осминафиналето. Кис, која е бранителката на титулата, ја победи поранешната светска тенисерка број еден Каролина Плишкова од Чешка со 6-3, 6-3, додека Пегула ја совлада Русинката Оксана Селехметева со 6-3, 6-2.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close