Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на „геноцид“
Европските доселеници извршиле геноцид врз Абориџините во Австралија, според наодите на истражна комисија во југозападната држава Викторија, која ја повикува владата да спроведе мерки за репарација.

Комисијата, која започна со работа пред четири години, во својот извештај нагласува дека Абориџините биле жртви на масакри, дека децата биле одземени од нивните семејства и дека нивната култура била нападната со цел да се асимилираат.
-Ова е геноцид, заклучува извештајот.
Меѓу своите препораки, комисијата се залага за финансиска компензација на Абориџините за претрпената штета и враќање на нивните предци.
Премиерката на државата, Јасинта Алан, ѝ се заблагодари на комисијата, уверувајќи ја дека нејзината влада „внимателно ќе ги разгледа“ нејзините препораки.
-Овие наоди ги истакнуваат тешко сварливите вистини и ги поставуваат темелите за подобра иднина за сите (жителите на Викторија), рече таа во соопштението.
Кога европските доселеници пристигнале во Австралија во 1788 година, имало околу еден милион Абориџини. Денеска, тие сочинуваат само 3,8 проценти од 26-те милиони жители на Австралија.
Австралија долго време се бори да го намали јазот во здравјето и благосостојбата помеѓу домородните народи и остатокот од населението.
Очекуваниот животен век за овие малцинства е околу осум години понизок од националниот просек, а нивните стапки на затворање продолжуваат да растат