Австралиски тинејџер пливал четири часа за да спаси мајка, брат и сестра

Тинејџер ги спасил својата мајка, помладиот брат и сестра пливајќи четири часа низ бурно море во самрак откако биле однесени на брегот од силни струи во југозападна Западна Австралија. Семејството било на одмор во Квиндалуп, околу 250 километри јужно од Перт, кога биле однесени од брегот на заливот Географ од силни ветрови во петокот попладне, додека биле на нивните надувувачки даски и кајаци, објавува „Гардијан“.

 

Херојски подвиг

13-годишникот се обидел да весла со кајак до брегот за помош, но чамецот се наполнил со вода, принудувајќи го да плива четири километри назад до брегот. Во разговор за Sky News, момчето раскажа како истрчало за помош по часови пливање.

„Само си велев: ‘Добро, не денес, не денес, не денес’. Пливав градно, краул, грбно за да преживеам. Кога стигнав на плажа, едноставно се срушив, а потоа морав да трчам два километри до телефонот“, рече тој.

Повеќе

Back to top button
Close