Австрија: Се повеќе заразени повратници од одмор од Хрватска и Шпанија

Австриските власти регистрираат се повеќе случаи на инфекција со коронавирусот кај повратниците од однмори во странство, а најзаразени се оние кои летувале во Хрватска и Шпанија

Во календарските недели 27 и 28, инфекцијата е регистрирана кај 322 повратници од одмор од Шпанија, како и кај 186 кај повратници од Хрватска. Следуваат новоинфицирани кои биле на одмор во Холандија (61), Малта (52), Грција (43), Германија (21), Франција (18).

Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, инфекцијата со корона е регистрирана во Австрија кај само тројца повратници од Србија и Босна и Херцеговина.

Back to top button
Close