Австрија воведува целосен карантин во државата

Австрија од полноќ влегува во ново заклучување. Се очекува Собранието вечерва и официјално да ги одобри новите мерки. За почеток ќе важат само за невакцинираните, што значи дека слободно може да се движат само вакцинираните и заразените. Дневно има до 13.000 нови случаи на инфекција. Претседателот Александар ван дер Белен предупредува дека ситуацијата е многу сериозна.

За денеска во Австрија се планирани интензивни разговори меѓу владата и покраинските власти, а вечерва заседава Парламентот формално да ги одобри новите правила во борбата против епидемијата.

Согласно новите мерки, цела Австрија од полноќ влегува во нов карантин.

За почеток ќе важи само за невакцинираните што значи „Правило 2Г“ за слободно да се движат само вакцинираните.

Минатата година во ова време Австрија беше во шок кога бројот на новозаразени дневно достигна близу 10.000 дневно, а сега е многу полошо.

Има и до 13.000 нови случаи дневно, што е исклучително лоша база, бидејќи вирусот се размножува експоненцијално.

Претседателот Александар ван дер Белен предупреди дека ситуацијата е многу сериозна.

Под притисок на бројките и поради најавата за карантин, деновиве се вакцинираа многу луѓе.

Бројот на имунизираните за прв пат од пролетта сериозно расте, но тој е само околу 65%.

Здравствените  работници со месеци испраќаат очајни пораки до Владата, која досега не сакаше да направи нешто.

Имено, од промените во Владата и почетокот на истрагата против поранешниот премиер Себастијан Курц, Владата се повлече од темата за коронавирусот и стана несигурна.

Медицинските капацитети забрзано се пополнуваат, работниците остануваат без енергија. Цела Австрија има две и пол илјади одделенија за интензивна нега, и за пациенти со Ковид и за не-Ковид и тие интензивно се полнат.

Граѓаните на Австрија не се сигурни во можноста за спроведување на нови мерки, а укажуваат и на последиците што ги трпи економијата.

„Од наша перспектива, невозможно е да се контролира кој е вакциниран, а кој не, кој смее да влезе, а кој не“, посочува Мануел Мајер, управител на трговскиот центар.

„Кој гарантира дека документите се валидни? Не можам да го проверам тоа и знам дека има многу фалсификати“, вели Валтер Клапачер, антиквар.

Back to top button
Close