Австрија воведува строги мерки на границите пред Божиќ

Австрија планира да воведе строги мерки на аеродромите и границите за време на Божиќните празници, кои ќе се однесуваат на патувања во земји со висок ризик, пишува „Кронен цајтунг“, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.

Мерките ќе се однесуваат на патници од земјите обележани како ризични области, особено од Балканот и Турција, но и од Италија и Германија.

Секој што ќе одлучи да патува во ризични области и покрај предупредувањата, ќе мора да помине 10 дена во карантин по враќањето во Австрија.

Според австрискиот весник, мерките ќе бидат во сила до 10 јануари и ќе важат за сите земји кои имаат седумдневна стапка по бројот на пациенти поголема од 100 на 100.000 жители.

Засега не е познато кога мерките ќе стапат во сила, но весникот потсетува дека милиони христијани го слават Божиќ на 7 јануари и оти главната цел за воведување нови построги правила на границите е да се спречи избувнување на трет бран на пандемијата на коронавирусот.

Back to top button
Close