Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан Со цел да се избори против пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји во кои е забрането слетување на австриските аеродроми. Со новиот указ, Министерството за здравство го прошири списокот од 8 на 18 земји. Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, но и од Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетуваат на австриските аеродроми. Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина. До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Скопје, Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Софија, Тирана и Варна. Според уредбата, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на товарни авиони, авиони што ги пренесуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, како и превоз на здравствените работници.

Back to top button
Close