Австриски експерт бара да сме го тргнеле споменикот на Цар Самуил како добар гест кон Бугарите

„Ја повикувам Македонија љубезно да го отстрани овој споменик како добар гест кон нашите бугарски сојузници“.

Ова, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) го објави Гинтер Фелингер, австриски експерт и советник од невладиниот сектор кој се залага за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и во НАТО.

Фелингер, кој инаку важи и за голем провокатор и пропагандист, замотал црвено-жолт шал околу вратот и се фотографирал пред споменикот на Цар Самуил на плоштадот „Македонија“ во Скопје, па оттаму, со превртен палец упатен кон споменикот, ги советува Македонците да им го направат меракот на Бугарите.

Инаку, во декември 2020 година истиот тој Фелингер бараше од Македонија да се откаже од празниците 11 и 23 Октомври, бидејќи биле провокативни за Бугарија

Back to top button
Close