Австрискиот министер за европски и меѓународни работи Линхарт утре доаѓа во Скопје

Во фокусот на разговорите ќе биде и европската интеграција. Министерот ќе биде придружуван и од бизнис делегација

Photo: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаил Линхарт.

Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР, се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за европската интеграција на Република Северна Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската унија.

Во рамки на официјалната посета во Северна Македонија, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби.

Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и од страна на австриска економска, односно бизнис делегација, при што исто така ќе оствари средби и со економските ресори на Владата.

Дополнително, како што соопшти МНР, е планирано одржување на бизнис настан со цел унапредување на трговската размена и искористување на инвестициските можности.

Back to top button
Close