Автобус од БиХ се преврте во Хрватска, има загинати и повредени

Страшна несреќа се случила ноќеска околу 3 часот во Хрватска, откако автобус од БиХ се превртел на патот. Несреќата се случила на автопатот помеѓу Криж и Поповача.

Според последните информации, најмалку две лица загинаа, а повеќе се повредени. Хрватските медиуми објавуваат дека повредените се префрлени во болниците во Сисак, Загреб, Пакрац.

Сообраќајот во овој дел е во прекин, а според информациите, колоната на возила е долга околу 7 километри.

Back to top button
Close