Автобус удри во охриѓанец со инвалидска количка, хоспитализиран со тешки повреди

Вчера во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 11.25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, автобус марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л.(52) од Охрид удрил во лице со инвалидска количка – С.Ч.(66) од Струга.

-Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување, информира МВР.

Известен е надлежен ЈО, и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Back to top button
Close