Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи, информира ЈСП Скопје.

Со оглед на тоа што денот кога се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори е прогласен за неработен за сите граѓани, и автобусите од градскиот јавез превоз ќе сообраќаат по скратен, односно неделен возен ред.

Воедно, жичницата од Средно Водно во врвот  нема да работи.

Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат само две, на Транспортен Центар и Ѓорче Петров

Back to top button
Close