Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие ги известува граѓаните дека автобусите од јавниот превоз денеска сообраќаат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Дежурни од 8 до 14 часот ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Back to top button
Close