Автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред за време на празниците

На последниот ден од тековната и на првиот ден од новата година – 31 декември и 1 јануари – автобусите на ЈСП Скопје ќе возат по неделен возен ред. Првите вклучувања на автобусите на 1 јануари ќе бидат подоцна од вообичаеното, а другите согласно возниот ред.

„Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст“,информираат од ЈСП.

Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат на 31 декември и 1 јануари, а со вообичаеното работно време ќе почнат од 2 јануари. Вообичаено работно време од 10 до 17 часот на 31 декември ќе има жичницата, а на 1 јануари ќе работи од 11 до 17.

Распоредот на првите вклучувања на сите линии, градски и приградски, на 1 јануари погледнете го тука.

Back to top button
Close