(Видео): Автомобил падна во Охридско Езеро

Паркиран автомобил на карпест предел во близина на плажата „Горица“ заврши во Охридско Езеро. Автомобилот со охридски таблици е паднат меѓу комплексот вили и плажата „Горица 3“.

Веќе неколку часа трае извлекувањето на возилото со помош на брод и сајли. Автомобилот е марка „Тојота“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека засега не е познато како дошло до несреќата, но потенцираат дека во возилото немало никој.

Back to top button
Close