Автомобил прегази маж на скопската обиколница

 

Автомобил прегази пешак синоќа на скопската обиколница. Според информациите, несреќата се случила во близина на клучката Радишани, кога „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во К.П.(68) од Скопје.

Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close