Автомобил со бугарски таблички удрил во сообраќаен знак, три лица се повредени

Автомобил „мерцедес Е220“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.С.(37) од Штип, изгубило контрола и удрило во сообраќаен знак.

 

Несреќата, како што информираат од МВР, се случила вчера вечерта околу 23 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ј.(37) од Штип, а со телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатникот В.Ј.(19) од с.Радање, општина Карбинци, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Back to top button
Close