Автомобил удрил во 26-годишен скопјанец, возачот побегнал од местото на несреќата

МВР информира дека вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисна улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото.

По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје

Back to top button
Close