Автомобил влетал во полн паб со гости во Велес, повредено едно лице

Синоќа после полноќ автомобил влетал во градска пивница во центарот на Велес, а една жена е полесно повредена, пренесува порталот ММС.

– Вакво нешто немам видено досега. Седевме во пабот, се беше мирно и одеднаш залетан автомобил влезе во кафулето. Го искрши инвентарот кој стоеше надвор, а една жена заврши со лесна повреда, но не е страшно. Другите сме добри, рече девојка која внатре седела со друштвото.

Се очекува МВР денес да излезат со детали околу инцидентот.

Back to top button
Close