Автомобилскиот сојуз на Германија ги повикува граѓаните да ги наполнат со гориво резервоарите на автомобилите
Најголемиот автомобилски сојуз, германскиот ADAC, ги повика граѓаните да ги наполнат резервоарите на своите автомобили, затоа што се уверени дека цената на горивата повторно ќе порасне по ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел.
По израелскиот напад врз Иран, цените на суровата нафта и природниот гас нагло пораснаа. Во Германија, бензинот и дизелот веќе чинеа просечно два центи по литар во петок попладне отколку 24 часа претходно, пренесува ADAC.
Автомобилскиот клуб верува дека нема да застане тука. Нафтените компании веројатно брзо ќе ги пренесат повисоките цени на суровата нафта на возачите, изјави портпаролот на ADAC.
Според ADAC, ова мало зголемување на цените на горивата нема да трае: цената на барел сурова нафта од типот Брент скокна од околу 69 долари на околу 75 долари во споредба со четвртокот, изјави портпаролот. Нафтените компании веројатно брзо ќе ги пренесат повисоките цени на суровата нафта на возачите.
Германскиот медиум Funke Media Group претходно објави за очекувањата на ADAC.
„Прашањето ќе биде дали ќе има вистински ограничувања за снабдувањето со нафта од Иран, на пример затоа што е блокиран Ормутскиот теснец или дали ќе има зголемување на цената првенствено поради загриженоста за понатамошна ескалација на Блискиот Исток“, рече портпаролот.
„И двете опции се можни, но на почетокот полнењето гориво веројатно ќе стане значително поскапо“.
Препорака за возачите : наполнете гориво на време, „идеално навечер, бидејќи тогаш горивото е најевтино“.
Моментално, во просек, литар бензин на бензинските пумпи во Германија чини околу 1,65 евра, а дизелот 1,54, што е малку повеќе отколку пред нападот на Израел врз Иран.