Автопатот Скопје-Велес е отворен за сообраќај

Сообраќајот на автопатот Скопје-Велес е нормализиран, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес после тунелот Катланово, поточно кај месноста викана Ветерско, од 6:20 часот утрово е целосно нормализиран за сите категории возила.

Сообраќајот на овој патен правец од синоќа беше прекинат поради голем одрон на патот.

Back to top button
Close