Авторот на интервјуто со Борисов коментира: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците

 

Михаел Мартенс, авторот на интервјуто со Бојко Борисов за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунт, по неговото објавување и реакциите во македонската јавност на својот твитер профил укажува дека со своето однесување, Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците.

„Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели. Наместо тоа, Бугарија сега прави сѐ за да се оттуѓи од својот потенцијален сојузник со покровителство и понижување. Тоа е сигурен пат да ги загуби пријателите“, вели Мартенс.

Михаел Мертенс, автор на интервјуто со бугарскиот премиер Борисов

Германскиот новинар Михаел Мартенс е исклучителен познавач на состојбите на Балканот. Тој е долгогодишен дописник од регионот за највлијателниот германски весник Франкфурер Алгемајне Цајтунг.

Back to top button
Close