Аземи на прием во Агенцијата за млади и спорт

 

Ардијан Аземи, освојувачот на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое минатата недела се одржа во Будва денес беше примен во Агенцијата за млади и спорт од страна каде имаа заедничка прес-конференција со директорот Наумче Мојсовски, заменик директорот на АМС Авни Рустеми, претседателот на боксерската федерација Примислав Димовски, и освојувачот на бронзениот медал Ардијан Аземи.

– Паузата во освојување на европски одличја беше навистина долга, и од таа причина бронзата на Ардијан влева надеж за враќање на боксот онаму каде што му е вистинското место, на врвот на спортовите во нашата земја, а неговите 17 години се доказ дека популарноста на боксот се враќа кај младите, истакна Мојсовски.

Тој додаде дека поддршката која Агенцијата за млади и спорт ја обезбедува за Боксерската федерација, како и посветеноста во работата на челниците на федерацијата, на чело со претседателот Примислав Димовски, ќе обезбедат услови за спортување на млади боксери кои еден ден ќе станат: Русески, Мумин, Димовски…

Рустеми рече дека АМС како институција гарантира поддршка за успехот на секој спортист во нашата земја, бидејќи шампиони како Ардијан Аземи и многу други, ја прават нашата земја позната низ целиот свет.

Стипендистот на АМС Аријан Аземи изрази благодарност до Агенцијата за млади и спорт, членовите на стручниот штаб, потенцирајќи дека освоениот медал е мотив повеќе за понатамошна посветеност, која ќе биде ставена на тест на претстојното светско првенство закажано за Април 2021 во Киелце.

Првиот човек на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски е горд од постигнатиот резултат.

– Иако боксот во државава имаше поддршка во изминатиов период, резултатите изостануваа, и од таа причина сум посебно горд на освоениот медал на Аземи, истакна Димовски.

Тој додаде дека верува во континуирана успешна соработка и со новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. зс/

Back to top button
Close